De structuur bestaande uit drie races is van verschillende lengte.
Приказната за раѓањето на планинската трка Momata Rock Trail своите романтични корени ги влече од дружбата и духовната припадност кон планините, висините, спортскиот дух и физичките предизвици на двајца ентузијасти и непоправливо страсни вљубеници во природата и дивоста. А се материјализираше на падините од Селечка Планина, инспирирана од култната карпа наречена Момата, која достоинствено ги краси ниските делови на Селечка, над селчанскиот манастир. Овој уникатен настан доби нов размер со воведување на нови две планински трки, со различна должина и позитивна денивелација.